Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед се насочува кон Пау Торес

Манчестер Јунајтед се насочува кон Пау Торес

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

Приоритет на „црвените ѓаволи“ е привлекување на квалитетен дефанзивец, па откако имаа неуспешен обид да го доведат Лисандро Мартинез од Ајакс, сега ќе се насочат кон Пау Торес.

Манчестер Јунајтед неколку месеци ги следи Шпанецот и верува дека ќе биде идеален партнер за Варан во одбраната.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Јунајтед ќе се обиде да ја намали така што во договорот ќе го вклучи Ерик Баи, кој во минатото играше во Виљареал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…