Манчестер Јунајтед има намера да го продолжи договорот со играчот од средниот ред Хуан Мата, пренесуваат англиските медиуми.
Според „ЕСПН“, „црвените ѓаволи“ веќе му понудиле продолжување на соработката на 31-годишниот Шпанец и сега чекаат одговор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Актуелниот договор на Мата истекува на 30-ти јуни и тој веќе има понуди од Шпанија и Италија, па се чека негова конечна одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој се пресели на „Олд Трафорд“ во 2014 година. Со тимот Мата ја освои Лигата на Европа, ФА Купот и „Комјунити шилд“.
Оваа сезона Мата запиша 32 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна 6 гола и даде 2 асистенции.
Иако се очекуваше сигурно да замине од „Олд Трафорд“ ова лето, сепак клубот одлучи да му понуди нов договор и ќе направи се да го убеди да остане.