Како што пишуваат медиуми Манчестер Јунајтед одбил размена со италијански Интер.
Италијанскиот тим кој сега е предводен од Антонио Конте е заинтересиран за Ромелу Лукаку, но цената од 80 милиони фунти која ја одредиле во Манчестер Јунајтед е превисока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Затоа како што тврди „Скај Итлија“ тие одлучиле на „црвените ѓаволи“ да им понудат една интересна размена, но добиле негативен одговор од „Олд Трафорд“.
„Нероаѕурите“ на Јунајтед за да го добијат Лукаку наводно им го понудиле Мауро Икарди, но Јунајтед тоа го одбоил бидејќи таков договор не се вклопувал во нивните планови.
Ова навистина е интеренсна одлука на Манчестер Јунајтед, посебно ако се знае дека Лукаку доби зелено светло да го напушти клубот. Лукаку не се покажа премногу во дресот на Јунајтед. За него „ѓаволите“ платија дури 85 милиони евра пред две години, но тој како да се вклопи во сивилото на Јунајтед во претходните сезони.
Тоа на крајот доведе до желба да го напушти „Олд Трафорд“. Раководството е спремно да го пушти и многу лесно би можело да се случи овој трансфер да биде реализиран.
Белгиецот во дресот на Манчестер Јунајтед одигра 96 натпревари и постигна 42 голови. Претходната сезона постигна 15 голови на 45 натпревари.