Дома Топ вести Манчестер Јунајтед најде идеален партнер за Варан

Манчестер Јунајтед најде идеален партнер за Варан

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед.

Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Шпанецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Челзи, но сепак остана во Виљареал.

Сега во трката за неговиот потпис се вклучи Манчестер Јунајтед, кој покажува најсилен интерес и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Торес покажа одлични партии и во Лигата на шампиони, а „црвените ѓаволи“ веруваат дека би бил идеален партнер на Рафаел Варан.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ја победи големата конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…