Манчестер Јунајтед наскоро очекува нови сопственици, па на лето сигурно ќе има реконструкција на тимот.
Англиските медиуми пренесуваат дека раководството сака да направи промена на голманската позиција, каде со години прв избор е Давид де Геа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот е еден од најплатените фудбалери во тимот со плата од 375.000 фунти неделно, а „црвените ѓаволи“ сакаат да ги намалат трошоците.
Поради тоа Де Геа може да си замине на лето, а Јунајтед веќе нашол замена. Станува збор за голманот на Лидс, Илан Меслие, кој има само 22 години, а е еден од најдобрите години во Премиер лигата.
Французинот на лето би можел да пристигне на „Олд Трафорд“ за 20 милиони фунти.