Манчестер Јунајтед на лето сака значително да го засили тимот со докажани фудбалски имиња, но и големи таленти.
Медиумите на Островот пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 30 милиони фунти за „вундеркиндот“ од Бирмингем, Џуд Белингам.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Иако има смао 16 години тој веќе запиша 35 настапи за Бирмингем, а моментално е на списокот на репрезентацијата на Англија до 19 години.
Белингам важи за еден од најголемите таленти на Островот, го следат сите англиски гиганти, па Манчестер Јунајтед сака да ја победи конкуренцијата.
Понудата од 30 милиони фунти вклучува и обештетување и соодветни бонуси, зависно од тоа како Белингам ќе се развива понатаму и ќе напредува.
Интересно, за да ја победи конкуренцијата Манчестер Јунајтед на тинејџерот му нуди неделна плата од 100.000 фунти.