Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед му забрани на Погба да игра кошарка, но со право!

Манчестер Јунајтед му забрани на Погба да игра кошарка, но со право!

Повредата на Пол Погба создаде големи проблеми за Жозе Мурињо во следниот период.

Извесно е дека францускиот играч ќе пропушти добар дел од сезоната поради повреда и неговото враќање на теренот се очекува да биде дури во декември. Погба од клубот доби наредба да отпатува на годишен одмор и да се посвети на целосно закрепнување од повредата. Французинот ги послуша. Си замина во САД на годишен одмор и се посвети на потполно закрепнување од повредата.


Додека е во тимот од „Олд Трафорд“, нема да смее да игра кошарка. Одлучено е да му се забрани да го игра овој спорт поради постојаните проблеми со задната ложа и се верува дека Погба во иднина ќе биде поотпорен на оваа повреда доколку ја исфрли кошаркаа од активностите.

Французинот поради договорот со Јунајтед ќе мора да се држи до правилата од забраната. Додека е во Јунајтед за него кошарка нема, иако тој спорт по фудбалот му е омилен. Погба во текот на летото често можевме да го видиме на кошаркарските терени. Играше против НБА ѕвездата Џоел Ембид, a на теренот се најде и против Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Меси се враќа за Аргентина

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, го објави неговиот прелиминарен список на фудбале…