Манчестер Јунајтед изгледа покажал сериозен интерес за ангажман на Бенџамин Павар и сака да го доведе до крајот на преодниот рок.
Французинот влегува во последната година од договорот со Баерн и не е тајна дека сака нови предизвици, посебно во тим каде што би играл како стопер. Со заминувањето на Хари Мегваер, Ерик Тен Хаг сака да ја засили конкуренцијата на Рафаел Варан и Лисандро Мартинез, па Павар изгледа како идеално решение.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Баерн ја одби првата понуда од Јунајтед, но преговорите се продолжени. Не е познато колку Јунајтед понуди, но од претходно се шпекулира дека германскиот тим е спремен да го пушти за 30 милиони евра.
Тоа е прилично разумна и поволна цена за Јунајтед, па се би можело да биде брзо завршено. Тен Хаг со тоа би добил ново засилување откако претходно во тимот пристигнаа Андре Онана, Мајсон Маунт и Расмус Хојлунд.