Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно заинтересирани за плејмејкерот на Вулверхемптон Рубен Невеш.




Португалецот е голема желба на тренерот Артета, кој во него гледа идеално засилување за средниот ред после заминувањето на Себаљос и Одегард.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вулверхемптон е спремен да го пушти Невеш, но за неговата слобода бара 35 милиони фунти, а Арсенал веќе ги започна преговорите.




Сега во трката за потписот на португалскиот плејмејкер се вклучи и Манчестер Јунајтед бидејќи „црвените ѓаволи“ бараат засилувања за средниот ред. На лето заминуваат Погба и Матиќ, па Јунајтед сака да донесе најмалку еден врвен играч за врска.
Сепак, Арсенал е во предност во моментов бидејќи подолго време преговара со неговиот агент Жорге Мендеш.