Дома Топ вести Манчестер Јунајтед е сериозен за Каземиро, спреми 80 милиони

Манчестер Јунајтед е сериозен за Каземиро, спреми 80 милиони

Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен играч за врска, а откако пропаднаа трансферите на Де Јонг и Рабио, сега се насочува кон ѕвездата на Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еминентниот новинар, Серхио Сантос тврди дека Јунајтед е сериозен во намерата да го ангажира Каземиро и спремил понуда од 80 милиони евра.

За да го убедат Бразилецот да прифати трансфер на „Олд Трафорд“ „црвените ѓаволи“ му нудат двојно повисока плата од таа која ја заработува во Реал Мадрид.

Манчестер Јунајтед од почетокот на трансфер пазарот преговараше за трансфер на Френки де Јонг, но откако дефинитивно пропадна трансферот се насочуваат кон Каземиро.

30-годишниот Бразилец има договор с Реал Мадрид до 2025 година, па останува да видиме како ќе реагираат „кралевите“ на оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…