Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед губитник на денот: Кејн и Онана на чекор до два големи трансфери

Манчестер Јунајтед губитник на денот: Кејн и Онана на чекор до два големи трансфери

Доцна синоќа беа објавени информации дека трансфер целите на Манчестер Јунајтед, Кејн и Онана се блиску до трансфер во други клубови.

Манчестер Јунајтед би можел да стане еден од губитниците во овој преоден рок со оглед на тоа што долго време на мета го имаше Кејн, а последните недели и Онана.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат за првата официјална понуда која ја испрати Манчестер Јунајтед за Онана, но очигледно таа нема да биде доволна.

„Црвените ѓаволи“ на Интер му понудија 40 милиони евра плус пет милиони бонус за картонот на камерунскиот голман и таа сума нема да биде доволна.

„Нероаѕурите“ бараат најмалку 60 милиони евра за еден од своите најдобри играчи, а додека размислуваат што да прават во Англија, во Саудиска Арабија не седат со скрстени раце.

Имено, Ал Наср му понудил на Онана луксузна понуда од повеќе милиони долари, а Камерунецот наводно сака да замине во Саудиска Арабија, каде би им се придружил на поранешните соиграчи Марсело Брозовиќ и Алекс Кордаз.

Други лоши вести за „црвените ѓаволи“ доаѓаат од Германија бидејќи Баерн е многу блиску до конечно комплетирање на трансферот на 30-годишниот Хари Кејн.

Баерн е во директни преговори за Тотенхем, а во се беше вклучен и Карл Хаинц Румениге.

Германскиот гигант веќе постигна договор со англискиот напаѓач, а остана да го заврши најтешкиот дел од работата, односно да го убеди Тотенхем да го продаде.

Баерн веќе некое време бара голгетер од врвна класа, а доведувањето на Кејн би се сметало за полн погодок, но ќе треба да се потрошат околу 100 милиони евра.

Како што сега стојат работите на Олд Трафорд, тие би можеле да се свртат кон други цели уште од денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…