Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед го сака Брахим Дијаз

Манчестер Јунајтед го сака Брахим Дијаз

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за плејмејкерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз, кој е на позајмица во Милан.

Шпанецот е во сопственост на Реал Мадрид, но веќе трета сезона е на позајмица во Милан. Италијанскиот клуб може да го купи Дијаз за 22 милиони евра на крајот на сезоната, но Реал има опција да го врати за 5 милиони евра повеќе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно „кралевите“ веќе го известиле Милан дека сакаат да го вратат Шпанецот во своите редови и ќе ја платат разликата од 5 милиони евра.

Реал се одлучил на таков чекор бидејќи цената на Брахим Дијаз е повисока во моментов и Манчестер Јунајтед е спремен да плати 35 милиони евра за неговиот потпис.

Тен Хаг верува дека Шпанецот одлично ќе се вклопи во неговиот стил на игра и сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…