Дома Трансфер зона Манчестер Сити спреми мега понуда за Тони Крос

Манчестер Сити спреми мега понуда за Тони Крос

Ѕвездата на Реал Мадрид, Тони Крос беше јасен дека или ќе стави потпис на нов договор со „кралевите“ или ќе замине во пензија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а Реал е спремен да му понуди продолжување на соработката, но Германецот се уште нема донесено конечна одлука.

Сега во трката се замеше и Манчестер Сити, кој спреми мега понуда со која сака да го убеди Крос да се пресели на „Етихад“.

„Дејли Мејл“ тврди дека Крос добил понуда од Сити вредна 14 милиони евра по сезона, а Гвардиола го убедува да му се придружи во неговиот тим.

Тоа е значително поголема плата од актуелната во Реал, но Крос тешко дека ќе прифати да игра за друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…