Раководството на Манчестер Сити веќе се подготвува за периодот по напуштање на менаџерот Пеп Гвардиола, пренесуваат медиумите на Островот.
„Граѓаните“ немаат намера да го отпуштат Шпанецот, и покрај слабиот почеток на сезоната и големото заостанување зад лидерот Ливерпул, но се загрижени дека самиот Гвардиола може да изрази желба да си замине.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поранешниот тренер на Барселона и Баерн има договор до јуни 2021 година, но во ниту еден од двата тима не останува повеќе од 4 години – граница што ќе биде постигната во 2020 година.
Поради оваа причина, клубот започнал да бара лице за да влезе во штабот на Гвардиола со главно периферни функции, но да биде подготвен да го замени во секое време.
Наводно веќе започнале разговори со кандидатите, но до крајот на сезоната нема да се објавуваат имиња за да се задржи мирот во соблекувалната.