Иако се веруваше дека Меси во јануари или најкасно на лето ќе го облече дресот на Сити, англиските медиуми тврдат дека дошло до пресврт и дека ѕвездата на Барса повеќе не е во плановите на Граѓаните.
Пеп Гвардиола имаше прилика заедно со Меси да освојува трофеи во Шпанија, па беше логично и за очекување Меси, ако веќе планира да замине од Барса, да дојде кај Пеп во Англија.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, Скај Спорт вчера објави дека Сити не планира да го донесе Меси дури и бесплатно. Првата причина е што полни 34 години, а втората е што играч на тие години бара неверојатно висока плата.
Во меѓувреме, Пеп го посакува капитенот на Астон Вила и репрезентативец на Англија, Џек Грилиш. Се работи за офанзивен фудбалер кој го краси напаѓачката игра и има се што му потребно на Пеп.
Пеп веќе некое време го скаутира Грилиш, кој претходно беше голема желба на Манчестер Јунајтед, а се претпоставува дека веќе во јануари ќе биде испратена богата понуда. Иако вреди околу 40 милиони евра, Астон Вила е убедена дека може да добие 112 милиони за играчот кој постигна пет погодоци и запиша шест асистенции оваа сезона во ПЛ.