Манчестер Сити ќе направи обид да го ангажира напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, пренесуваат медиумите на Островот.
„Граѓаните“ се во потрага по врвен напаѓач, па откако се намалија шансите клубот да го купи Хари Кејн, сега ќе се насочат кон ѕвездата на Баерн.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Баварците во моментов одбиваат да го пуштат Левандовски, кој пак е спремен за нов предизвик во кариерата.
Меѓутоа, Левандовски влегува во последната година од договорот и следното лето може да си замине без пари, па поради тоа Сити ќе сака да го убеди Баерн со богата понуда.
Полскиот голгетер работеше две години со Гвардиола и наводно дал согласност за трансферот, но Баерн во моментов не се согласува за трансфер.
Man City ‘plotting transfer swoop for Bayern Munich star Lewandowski’ after £100m bid for Kane was rejected by Tottenham https://t.co/7yamNhiNfu
— The Sun – Man City (@SunManCity) July 15, 2021