Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчестер Сити ова лето ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала.
Гвардиола сака да добие дополнителна опција во средината и главна цел ќе му биде еден од најдобрите фудбалери на таа позиција. Мусиала се уште е млад и со 21 година има и тоа како простор и да напредува.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во првиот тим на Баерн Мусиала пристигна во 2020 година и досега собра 161 натпревар во кои постигна 43 гола и поделија 30 асистенции, освои десет клупски трофеи. Тој е роден во Штутгарт, но има англиско потекло, а во изборот за која репрезентацијата ќе настапува се одлучи за Германија.
Договорот кој го има со Баерн е со важност до летото 2026 година поради тоа во Баерн имаат простор да бара висока оштета.