Сонародникот на Лионел Меси, Пабло Збалета го советуваше Меси да се пресели во Манчестер Сити.
Се уште е неизвесно што ќе се случи со Меси, никој со сигурност не може да каже дали ќе остане. Меси сега молчи по тоа прашање и сигурно ќе се чека да поминат изборите за нов претседател. По изборот многу работи би требало да бидат појасни.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Забалета не сака да го гледа Меси тажната ситуација на Барселона и го советува да оди во Сити.
„Манчестер Сити во овој момент е најдоброто место за Меси. Не сакам да го гледам во тажната ситуацја во која е Барселона. Претходно никогаш не сум помислил дека може да дојде време да минува неговата последна година од договорот со Барселона“.
„Тимот не е на нивото на кое треба да биде, играчите на Барселона изгледаат како воопшто да не уживаат на теренот. Ќе видиме што ќе одлучи Меси“, изјави Забалета.