Преговорите помеѓу Манчестер Јунајтед и Де Геа за нов договор продолжуваат, па „црвените ѓаволи“ испратиле нова, подобрена понуда, што ќе го направи Шпанецот најплатениот голман во светот.
Само пред неколку дена Манчестер го официјализираше новиот договор на Маркус Рашфорд, па сега раководството ќе се насочи кон продолжување на соработката со Давид де Геа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двете страни водеа преговори преку целата мината сезона, но не успеаа да најдат заенички јазик. Договорот на Шпанецот истекува следното лето, па поради тоа на „црвените ѓаволи“ им се брза.
Де Геа сака покачување на платата, а новата понуда од раководството е 350.000 фунти неделно, пренесуваат англиските медиуми.
Сега се чека одговор на Де Геа, но на „Олд Трафорд“ се оптимисти дека голманот ќе ја прифати оваа понуда.