Дома Фудбал Англија Мане не знаел дека освојувачот на ПЛ добива и медал, а мајка му мрази фудбал

Мане не знаел дека освојувачот на ПЛ добива и медал, а мајка му мрази фудбал

Садио Мане не знаел дека освојувачите на Премиер лигата на на крајот од сезоната освен трофеј, добиваат и медали.

Ливерпул е се поблиску до титулата, а Мане во разговор за „Би-Би-Си“ откри дека не знаел дека ќе добијат медали.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Слушнав дека ако ја освоиме лигата ќе добиеме медали. Никогаш претходно не сум слушнал за тоа, но тоа не ми е многу важно“.

Сенегалецот потенцираше и дека на Ливерпул не му е така лесно како што изгледа.

„Лесно? Не, нема шанси. Премиер лигата е најдобра во светот и морате да дадете повеќе од 100% во секој натпревар ако сакате да победите. Тоа е она што секогаш се обидуваме да го правиме и мислам дека добро ни оди меѓутоа мораме да продолжиме така“.

Мане призна и дека неговата мајка и денес мрази фудбал.

„Мојата мајка и вујко никогаш не сакаа да играм фудбал, па морав да одам на училиште и да работам нешто друго. На крајот им докажав дека грешат“, изјави Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лапорта откри каква ќе биде судбината на Флик на клупата на Барселона

Германскиот тренер Ханси Флик ќе остане тренер на фудбалерите на Барселона до јуни 2028 го…