Дома Трансфер зона Мане го одбил Реал Мадрид: Засекогаш во Ливерпул!

Мане го одбил Реал Мадрид: Засекогаш во Ливерпул!

Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и во Европа, Садио Мане ова лето ја одбил понудата на Реал Мадрид бидејќи сакал да остане на „Енфилд“.

„Дон Балон“ пренесува дека Реал испратил конкретна понуда, но Сенегалецот веднаш ја отфрлил можноста да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Кралевите“ биле спремни за неговиот потпис да му платат на Ливерпул сума помеѓу 150 и 180 милиони евра.

„Многу сум среќен што сум дел од овој прекрасен клуб и уживам овде. Би сакал да останам овде засекогаш. Вистина е дека имав понуди, но Ливерпул е единствен. Овде сите сме како семејство“, изјави Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…