Дома Трансфер зона Малдини во акција, носи големо засилување за Милан

Малдини во акција, носи големо засилување за Милан

Паоло Малдини доби функција на генерален директор во Милан и веќе рабори на градење на многу посилен тим.

Веќе е јасно дека нов тренер на „росонерите“ ќе биде Марко Џампаоло кој следната недела би требало да биде официјализиран на кормилото на „росонерите“.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Италијанските медиуми денес ја открија и главната трансфер мета на Милан за следната сезона, а тоа е ѕвездата на Ајакс, Хаким Зијех.

Зијех одигра одлична сезона во Ајакс постигна 21 гола и запиша 24 асистенции, но последните информации се дека на лето сигурно ќе го напушти Ајакс.

За него интерес покажуваат голем број на европски гиганти, но Милан е спремен да ја победи конкуренцијата и Малдини веќе започнал преговори со неговиот агент.

Мароканецот има откупна клаузула од 25 милиони фунти, а „росонерите“ се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ништо ново, скапото засилување на Челзи сака да си оди

Челзи веќе неколку трансфер периоди по ред троши огромни средства за скапи засилувања, но …