Женската ракометна репрезентација на Македонија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското јуниорско првенство што се одржува во Скопје ремизираше против Португалија (28:28)
По првото полувреме португалските ракометарки имаа минимална предност од 14:13.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонските ракометарки влегоа во самата завршница на натпреварот со високи плус три 28-25, но не успеаја да ја зачуваат предноста, дозволвајќи му на противникот со серија од 3-0 да избегне пораз.
Македонија се уште има шанса за пласман во четвртфиналето, но само доколку утре ја совладаме Црна Гора, а Исланд триумфира во соочувањето со Португалија.