Младинската машка репрезентација одигра нерешно против репрезентацијата на Хрватска во вториот натпревар од Европското првенство во Словенија.
Конечениот резултат од средбата беше 24:24, а на полувремето нашите ракометари имаа негатива од пет погодоци 10:15. Македонските ракометари во еден момент имаа и негатива од седум гола, но успеаа да се вратат до реми, сили за целосен пресврт немаа.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Димитар Узунчев и Славчо Шулески со по шест гола беа најефикасни во нашиот табор, а голманскиот двоец Галевски/Брестовац заедно забележа 11 одбрани.
За истакнување е и одбраната на Давид Брестовац во првото полувреме која беше издвоена и од ЕХФ.
Во сабота со почеток 14:20 часот нашите млади ракометари ќе играат против Австрија за прво место во групата и пласман во Главната фаза на Европското Првенство.