Познати се противници на кошаркарската репрезентација на Македонија во квалификациите за ЕП 2021. Денеска во Минхен беа извлечени квалификациските групи за Европските првенства 2021 во двете конкуренции.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Македонија ќе игра против Италија која е еден од домаќините, потоа силната селекција на Русија, како и Естонија.
Со оглед на тоа дека Италија како ко-домаќин веќе има обезбедено учество на Еуробскет, црвено-жолтите својата шанса за настап на шампионатот ќе ја бараат пред се во двомечот со Естонија, селекција која пред две годни во пред-квалификациите за Мундијалот ги добија двата натпревари против нашата репрезентација.
Распоред на натпреварите:
20/21.02.2020
Македонија – Естонија
23/24.02.2020
Русија – Македонија
26/27.11.2020
Италија – Македонија
29/30.11.2020
Естонија – Македонија
18/19.02.2021
Македонија – Русија
21/22.02.2021
Македонија – Италија