Дома Македонски спорт Македонскиот универзитетски карате тим од Турција се враќа со три медали

Македонскиот универзитетски карате тим од Турција се враќа со три медали

Македонската машка репрезентација денеска на Светскиот куп на боречки спортови, кој се одржува во Самсун, Турција успеа да го освои сребрениот медал.

Тимот загуби од репрезентацијата на Јордан во финалната борба со резултат 1-3, со тоа тие го освоиа сребрениот медал и станаа светски вице шампиони.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Машката екипа беше во состав Петар Спасеновски, Давид Петков, Димитар Илиевски, Глигор Петков и Петар Заборски

Нашиот тим во женска конкуренција исто така настапи во финалето и загуби со резултат 0-2 од репрезентацијата на Хрватска.

На ова првенство освоени се вкупно 2 (две) сребрени медали во екипните настапи во дисциплината борби во најтешката дисциплина екипно борби за мажи и жени, и 1 (еден), бронзен медал во поединечна конкуренција борби од страна на спортистот Давид Петков -67 кг

Женскиот тим настапи во состав Ангела Мојсовска, Викторија Јовановска , Марија Петровска и Моника Пендаровска.

Посебно сакаме да истакнеме дека Во поединечна конкуренција нашиот репрезентативец Давид Петков -67 кг, успеа во борбата за бронзен медал да го совлада  Украинскиот репрезентативец Јановски Давид со резултат 1-0, и се закити со бронзениот медал од ова светско првенство

Ангела Мојсовска -68, Викторија Јовановска -61 кг и Марија Петровска -55 кг завршија како 5 петто пласирано во своите тежински категории, сите  загубија во борбите за бронзени медали Бошко Заборски селекторот на Македонската универзитетска карате репрезентација изјави: Задоволни и горди сме од постигнатиот спортски резултат. Успеавме да освоиме две сребрени и една бронзена медала и секако три високи пласмани на петтото место. Тоа е доказ дека ние имавме одличен настап и на ова големо натпреварување од страна на сите наши избраници. Ова е селекција веќе е докажана како многу квалитетна  и продолжува да не радува со постигнување на големи спортски резултати. Со малку среќа, ние можевме да имаме и дуплиран број на медали. Тоа значи дека го поседуваме квалитетот на високо технички дотерани и подготвени врвни натпреварувачи и сега само треба да го чекаме моментот кога секој од нив ќе биде медалист на некое следно првенство. Сакам да истакнам дека оваа генерација на каратисти  во машка конкуренција се издвојуваат како најуспешна студентска генерација, бидејќи тие се единствени кои успеале да бидат три пати финалисти во дисциплината екипно борби. Два пати успеваат на Eвропските Бошко Заборски селекторот на Македонската универзитетска карате репрезентација изјави: Задоволни и горди сме од постигнатиот спортски резултат. Успеавме да освоиме две сребрени и една бронзена медала и секако три високи пласмани на петтото место. Тоа е доказ дека ние имавме одличен настап и на ова големо натпреварување од страна на сите наши избраници. Ова е селекција веќе е докажана како многу квалитетна  и продолжува да не радува со постигнување на големи спортски резултати. Со малку среќа, ние можевме да имаме и дуплиран број на медали. Тоа значи дека го поседуваме квалитетот на високо технички дотерани и подготвени врвни натпреварувачи и сега само треба да го чекаме моментот кога секој од нив ќе биде медалист на некое следно првенство. Сакам да истакнам дека оваа генерација на каратисти  во машка конкуренција се издвојуваат како најуспешна студентска генерација, бидејќи тие се единствени кои успеале да бидат три пати финалисти во дисциплината екипно борби. Два пати успеваат на Eвропските Универзијади првично во Загреб, каде што успеаја да го освојат најнапред европскиот сребрен и по две години и златен медал на следните универзитетски игри во Лоѓ, а сега еве успеваат да станат и сребрени медалисти на еден светски натпревар во карате спортот изјава:-  Заборски Бошкo

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…