19 атлети со атипичен развој ќе настапат на Летните олимписки игри кои од 12-26 јуни ќе се одржат во Берлин, со учество на преку 7000 спортисти од 190 земји како и 20.000 волентери.
За припремите, но и очекувањата од игрите зборуваа на прес конференција во Агенцијата за млади и спорт, која е поддржувач на настапот на македонските спортисти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
-Огромно задоволство и чест ми е како спортист и директор на Агенцијата за млади и спорт да го најавам најголемиот спортски собир за спортисти со атипичен развој, олимписките игри.
Настапот на едно вакво големо натпреварување е вистинска можност за претставување на државата, но и можност за добивање на нови искуства, рече директорот на АМС Наумче Мојсовски.
Mотото „Дозволи ми да победам, ако не можам, дозволи ми барем да се обидам” треба да претставува иницијатива и апел до сите спортски работници и други институции, да се поддржат овие атлети во остварување на своите цели, додаде Мојсовски.
На пресот со свои видувања се обратија и водечките лица од специјална олимпијада Македонија, Моника Бошкоска и Драган Караџовски.
Македонските претставници ќе настапат во пет дисциплини: пливање, кошарка, бадмингтон, атлетика и пинг понг.