Дома Фудбал Репрезентации Македонија У21: Цапар повика 23 фудбалери за дуелите со Србија и Фарски Острови

Македонија У21: Цапар повика 23 фудбалери за дуелите со Србија и Фарски Острови

Репрезентацијата на Македонија до 21 година месецов ги продолжува квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година во Романија и Грузија.

На 24. март нашите млади фудбалери играат против Србија во Белград со почеток од 17:00 часот, а на 29. март, на стадионот „Тодор Проески” од 18:00 часот ја пречекуваме селекцијата на Фарски Острови.

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Драги Канатларовски за двата меча од квалификациите ќе смета на следните 23. фудбалери:


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


ГОЛМАНИ: Давид Денковски (Брегалница 2008), Марко Алчевски (Борец 1919), Дамјан Серафимов (Охрид Лихнидос);

ОДБРАНА: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи 1927), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Бесир Исени (Струга Трим Љум), Јован Манев (Брегалница), Виктор Крстевски (Гостивар);

СРЕДЕН РЕД: Алекс Златков (Триглав Крањ, Словенија), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Висла Краков, Полска), Сефер Емини (Македонија Ѓ.П.), Томче Гроздановски (Дугопоље, Словенија), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Бојан Димовски (Академија Пандев), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Лука Станковски (Газиантеп, Турција);

НАПАД: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември), Методи Максимов (Работнички);

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…