Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 19 години се пласира во елитните квалификации за пласман на Европското првенство.
Македонија на претквалификацискиот турнир во Скопје против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн имаше три победи од три натпревари освојувајќи го првото место.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одличниот скор ја стави Македонија во групата на носители при ждрепката за елитните квалификации за ЕП, заедно со репрезентативците на Шпанија, Португалија, Германија, Чешка, Романија и на Данска.
Во вториот барабан се Англија, Италија, Украина, Австрија, Франција, Република Ирска, Холандија.
Во третиот Словачка, Норвешка, Шведска, Грција, Белгија, Унгарија, Турција, а во четвртиот Србија, Косово, Полска, Бугарија, БиХ, Латвија, Шкотска.
Групите ќе бидат извлечени на 6 декември, а за пласман на Европското првенство повторно ќе се играат турнири од четири репрезентации, кои најдоцна ќе треба да се организираат до 20 мај в година.