Денес во Олимпискиот центар “Јане Сандански“, беа претставени најдобрите македонски спортисти кои ќе учествуват на Европските игри Краков Малополска 2023 (21 Јуни – 2 Јули 2023 година) и тоа:
Емил Павлов – Карате
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Анастасија Мојсовска – Спортско стрелаштво
Мартин Ангелески – Спортско стрелаштво
Мирјана Релиќ – Таеквондо
Анамарија Георгиевска – Таеквондо
Дејан Георгиевски – Таеквондо
Димитар Пејчиновски – Текбол
Анѓел Петрушев – Кајак
Никола Малевски – Кајак
Владимир Малевски – Кајак
Николовски Никола – Мечувалство
Србиноски Петар – Мечувалство
Дамјаноски Петар – Мечувалство
Тодороски Матеј – Мечувалство
Озмен Илхан Атила – Бокс
Ален Рустемовски – Бокс
Арјан Исени – Бокс
За време на Европските игри 2023 ќе се одржат и натпреварите од третата Европска атлетска лига на кои ќе учествуваат и најдобрите македонски атлетичарки и атлетичари.
Македонските спортисти подготвени го чекаат почетокот на игрите верувајќи во своите квалитети и со верба за освојување медал на Европските игри.
Македонското знаме на церемонијата на отварање на игрите ќе го носат Милијана Рељиќ и Емил Павлов.
Најдобрите македонски спортистки и спортисти ќе отпатуват во Краков на 19 Јуни.