Македонската репрезентација со убедлив триумф од 4:0 против Лихтенштајн ги заокружи квалификациите за СП во Русија.
Македонија вечерва во Струмица беше убедлива, па го демолираше аутсајдерот во групата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првиот погодок беше дело на дефанзивецот кој одигра фантастично во целиот циклус за македонскиот национален дрес, Висар Муслиу во 36. минута. Само две минути подоцна, Александар Трајковски ја зголеми предноста на 2:0, со која се замина и на пауза.
Ништо поразлично издание и во второто полувреме. Македонија доминираше, а вторите 45 минути беа дополнети со уште два погодоци. Еден на Барди по фантастичната асистенција на Трајковски и вториот дело на повратникот во македонскиот национален дрес, Аријан Адеми.
Она што не успеа Македонија да го направи, е да издвои позитивна гол разлика по 20 години во рамки на квалификациите. За потсетување, овие квалификации Македонија ги завршува на петтата позиција во групата, а нашиот денешен противник останува последен онака како што и стартуваше.