Дома Фудбал Македонија остана на истата позиција на ФИФА ранг листата

Македонија остана на истата позиција на ФИФА ранг листата

Репрезентацијата на Македонија и понатаму е на 68-то место на ФИФА ранг листата, објави Светската фудбалска федерација.

Македонија јунските квалификациски натпревари во кои бевме поразени од Украина и Англија имаше 1.350 бода, а бидејќи во наредниот период не одигравме ниту еден натпревар нашата позиција остана иста.

На врвот лидер и понатаму е актуелниот светски шампион, Аргентина, а по „Гаучосите“ следат:  Франција, Бразил, Англија и Белгија. Хрватска е шеста, Холандија е седма, Италија е осма, Португалија е деветта, а Шпанија е на десеттото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нешвил на бод до трофеј, Калахан предупредува: Нема место за опуштање!

Реми во Монтреал ќе му биде доволно на Нешвил за „Сапортерс шилд“, но Би Џеј Калахан бара …