Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за три позиции на најновата ФИФА ранг листа.
После победите над Германија и Лихтенташтајн напредокот беше очекуван, па сега Македонија се наоѓа на 62-то место на ранг листата.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Нашите ривали на Европското првенство, Австрија е на 23 место, Украина е едно место подолу, додека Холандија е на 16 место.
На врвот на ранг листата немаше поголеми промени, Белгија е лидер пред Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Аргентина, Уругвај и Данска која сега е во Топ 10.