Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија до 19 години утре против БиХ го отвара квалификацискиот турнир

Македонија до 19 години утре против БиХ го отвара квалификацискиот турнир

Репрезентацијата на Македонија до 19 години утре го започнува квалификацискиот турнир за пласман во елитнити квалификации за Европското првенство.

Младите фудбалери утре со почеток од 13:00 часот во тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе го отворат квалфикацискиот турнир.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите Агон Елези и Давид Тошевски за сајтот на ФФМ порачаа дека се надеваат на позитивен резултат.

– Навистина ми е чест што сум дел од репрезентацијата, за фудбалери на наша возраст е многу значајно што добиваме шанса да ги покажеме квалитетите и на ова ниво. Нѐ очекува силен турнир со натпревари кои ќе бидат вистински предизвик. Сите во тимот сме позитивни со желба и мотив да направиме добар резултат. Утрешниот натпревар против БиХ е исклучително важен, но ние се подготвуваме добро, долго сме заедно и се надеваме дека ќе се прикажеме во најдобро светло. Ќе ја бараме победата, но и поддршката од љубителите на фудбалот на утрешниот меч, изјави Агон Елези.

– Одработивме добри подготовки, сите сме максимално спремни и со нетрпение го очекуваме првиот натпревар. Атмосферата меѓу нас е одлична, се надевам дека тоа ќе го пренесеме и на теренот против Босна и Херцеговина. Ќе биде тежок натпревар, противникот исто така ќе ја бара својата шанса, но со исполнување на задачите од стручниот штаб сметам дека имаме можност и квалитет за добар резултат, изјави Давид Тошевски.

Англија и Луксембург кои исто така се во нашата група својот натпревар ќе го играат во истиот термин на стадионот во Ѓорче Петров.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…