Дома Македонски спорт Македонија доживеа незапаметен дебакл кога Милевски најавуваше дека ќе бидеме најспремни!

Македонија доживеа незапаметен дебакл кога Милевски најавуваше дека ќе бидеме најспремни!

Пишува: Стефан Даскалов

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва доживеа дебакл каков што не паметиме, да Англија е моќна, светска велесила, но ова е – ПРЕМНОГУ!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Посебно затоа што доаѓа во периодот кога селекторот Благоја Милевски очекуваше да сме најспремни.

Не, тоа не е мислење на јавноста, туку се зборови кои селекторот ги повторуваше константно од неговиот прв ден во репрезентација.

На секоја прес-конференција пред Лигата на Нации, па и пред натпревари за важни бодови Милевски потенцираше дека ние градиме тим за квалификациите за Европското првенство 2024, поточно за сега!

И што гледаме сега?

Реално добивме претешка група за да очекуваме пласман на Европското првенство, но Македонија вака не смее да игра.

Започнавме со Малта, репрезентација која за нашите амбиции не треба да биде проблем, едвај победивме 2:1 дома во Скопје…Милевски ги загуби нервите на крајот, се караше со навивачи и доби црвен картон во за него ќе повториме најважниот циклус од неговото доаѓање.

Дојде Украина, пред три дена во Скопје…Прво полувреме водиме 2:0 и тогаш следува неверојатен пад и дозволуваме пресврт каков што не смееме да имаме..

И на крај што да се каже за денешниот ДЕБАКЛ?!
Се сеќавате кога сме примиле СЕДУМ ГОЛА?

Јас, да во циклусот кога требаше да бидеме НАЈСПРЕМНИ…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Диего Форлан е главниот „виновник“ што секое соблекување на дрес се казнува со жолт картон 🎥

Познатиот уругвајски напаѓач Диего Форлан е главниот виновник што денес секое соблекување …