Дома Македонски спорт Македонија во Група Ц во Лига нации – ова се противниците!

Македонија во Група Ц во Лига нации – ова се противниците!

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, го потврди новиот формат на Лигата на нации за сезоната 2020/21 година, кој и официјално ја стави Македонија во третата квалитативна група, односно Лигата „Ц“.

Репрезентацијата на Македонија во првата сезона од натпреварувањето го освои првото место во групата 4 од Лигата „Д“ и на тој начин обезбеди настап во повисок ранг, поточно Лигата „Ц“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во Лига „Ц“ заедно со Македонија се и Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија,  Косово, Белорусија, Кипар, Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург, Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

 Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи, а противниците од нашата група ќе ги дознаеме на 3 март 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…