Дома Фудбал Германија Македонец денес ќе игра против Баерн Минхен

Македонец денес ќе игра против Баерн Минхен

Денес во германскиот куп ќе се сретнат екипите на ФК Дурен и гигантот Баерн Минхен она што е за нас интересно е што во редовите на домаќините игра и еден Македонец.

Станува збор за Ѓорги Антоски кој е македонски фудбалер кој има 28 години и кој долго време е во германскиот фуддбал. Од минатата година тој го носи дресот на Дурен, а сега ќе има прилика да игра против еден од најголемите клубови во Европа и светот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Инаку, Антоски игра на позицијата офанзивен играч за врска, а пред да потпише за Дурен го носеше дресот на Харкенкрахт, Бонер, Вашингтон и ВФЛ Леверкузен каде и што ја започна кариерата во младинските категории.

Кога станува збор за неговиот тим, ФК Дурен е клуб од пониските рангови на германскиот фудбал во овој момент игра во регионалната Оберлига.

Натпреварот помеѓу ФК Дурен и Баерн Минхен ќе се игра денес од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Наполи остана без важен играч до крајот на сезоната.

Наполи може да остане без главен играч до крајот на сезоната. Повредата на Давид Нерес се …