Милан стигна до третата сезонска победа во натпреварот од 3.коло во италијанската Серија А.
Откако во првите две кола ги победи Болоња и Торино со 2:0 и 4:1, Милан дојде до победа од 2:1 во Рим.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Одличен гол постигна Рафаел Леао кој погоди за 2:0.
Италијанците по натпреварот пишуваат за реакцијата на тренерот на Рома Жозе Мурињо кој му честитал на својот сонародник за голот.
Тренерот на Рома му пријде на Леаo покрај аут-линијата и му подаде рака, иако тоа беше голот што и донесе на Рома уште еден пораз.
How did Rafael Leao score this one while falling to the ground?! pic.twitter.com/HTj4HR7zcF
— Raffaele (@ItalianoCalcio) September 1, 2023

Леао по натпреварот изјави дека три години се обидувал да постигне таков погодок.
-Тоа е гол што се обидував да го постигнам три години и конечно го постигнав. Сепак, најдоброто нешто беше да се дојде до победа , бидејќи овде секогаш е тешко против Рома и ова се три важни бода за да се остане на врвот на табелата, -рече Португалецот.