Дома Актуелно ЛШ ФИНАЛЕ: Може ли Роналдо да ги надмине Меси, Раул и Ето?

ЛШ ФИНАЛЕ: Може ли Роналдо да ги надмине Меси, Раул и Ето?

ronaldo

Кристијано Роналдо игра фантастична сезона, а финалето во Кардиф би можело да биде “шлаг на тортата“.

Имено, досега ниту еден играч не успеал да постигне барем еден погодок на три финални средби, а Роналдо во сабота против Јувентус ќе има шанса за такво нешто.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалецот, досега погодуваше на две финални средби како и Лионел Меси, Раул Гонзалес и Самуел Ето.

Роналдо прв пат во едно финале од Лигата на шампионите погоди во 2008 година, кога стигна до титулата во дресот на Манчестер Јунајтед. За нова радост во финалните средби чекаше цели шест години, а стрелаше како играч на Реал Мадрид во финалето против Атлетико Мадрид.

Интересно е што секогаш кога Роналдо постигнувал гол за неговиот клуб во финалето, тој клуб на крајот се радувал на титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Ѓоковиќ го прашаа на кој тенисер би му го доверил животот – одговорот беше изненадување! 🎥

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доби и интересно прашање на кое имаше интересен о…