Фудбалерите на Манчестер Јунајтед новата сезона во Премиер лигата ја отворија со победа над Лестер од 2:1.
Првиот натпревар во новата сезона беше одигра на „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и покрај проблемите со повредени играчи го совлада Лестер со 2:1 (1:0) кој скоро и да создаде шанси вечерва.
Натпреварот тимот на Мурињо го отвори на вистински начин. Невнимателната реакција во шестанесетникот на гостинскиот тим од страна на Амарти резултираше со пенал за Јунајтед кој во гол го претвори Пол Погба.
Единствената прилика Лестер ја имаше во 30 минута кога Џејмс Медисон имаше доволно време и простор да упати удар од казнетиот простор, но Давид Де Геа со рефлексна реакција го сочува својот гол.
Јунајтед освен голот на Погба се закани уште еднаш преку Французинот и преку Алексис Санчез, но на полувреме се замина со 1:0.
Во продолжение „ѓаволите“ рутински го приведоа натпреварот кон крајот иако гостите во самата завршница имаа прилика да се борат за бод.
Лук Шо во 83 минута успеа да го постигне својот прв гол во Премиер лигата!
Во тие моменти изгледаше како Јунајтед да стави точка на натпреварот се до продолжението од натпреварот кога Џејми Варди со многу среќа успеа да постигне погодок. Лестер во последните минути направи вистинска опсада кон голот на домаќинот, но Јунајтед успеа да се одбрани и заслужено да стигне до првите три бода новата сезона.