Младата репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува подготовките за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Романија и Грузија 2023 година.
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски” го одработија третиот тренинг и фокусот максимално е насочен кон дуелот со незгодната селекција на Ерменија во рамките на групата Х од квалификациите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден од најквалитетните играчи за врска на младата селекција на Македонија и член на турски Газиантеп даде краток осврт на досегашниот дел од подготовките, очекува Македонија да се покаже во вистинско светло на натпреварите со Ерменија и Украина.
– Одработуваме одлични подготовки, денеска го имавме третиот тренинг, задоволен сум од тоа што го сработивме овие неколку дена, можам да кажам дека сме целосно фокусирани на натпреварот против Ерменија. Имаме одлична група на фудбалери која несомнено располага со квалитет, сакаме тоа да го покажеме на последните два меча против Ерменија и Украина. Има одлична енергија и голем колективитет помеѓу нас фудбалерите, што секако е добар знак. Штета што не освоивме повеќе бодови во овој квалификациски циклус, можевме да направиме многу повеќе на мартовските натпревари против Србија и Фарски Острови и да оствариме подобри резултати. Мора да гледаме напред, не очекуваат две нови тешки средби, треба да го дадеме максимумот, да ја посакуваме победата повеќе од нашите противници и да бидеме фокусирано во текот на сите 90 минути. Да одиграме квалитетно, борбено и тимски. Сакаме со победа да го заокружиме овој квалификациски циклус и подготвени да го дочекаме новиот. Секогаш е огромна чест и задоволство да се игра за Македонија. Некогаш се победува, а постојат и денови кога не функционира онака како што сме очекувале. Најбитно е секогаш брзо да се издигнеме по остварен неуспех и лош резултат. Сакаме да играме и победуваме за Македонија.
Во првиот дуел од јунските квалификации, во Скопје гостува незгодната селекција на Ерменија. Натпреварот од 9. коло во групата Х од квалификациите, Македонија и Ерменија ќе го одиграат на тренинг центарот „Петар Милошевски”, на 2. јуни, со почеток од 17. часот.