Ромелу Лукаку сезонава игра како препороден во Интер и е сосема поинаков играч во однос на она што беше во Манчестер Јунајтед минатата сезона.
Лукаку во Италија игра со формата од времето во Евертон. Во изјава за „Скај Спорт“ Лукаку сега објасни зошто го напуштил Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлуката ја донесов во март и тогаш му кажав на мојот менаџер дека е време да побарам нешто ново. Не бев на ниво, а покрај тоа и не играв многу. Според мене најдобро за двете страни беше да се разделиме. Јунајтед направи простор за нови играчи, па моето заминување изгледа како добитна ситуација за сите страни. Во Интер се пронајдов себеси. Минатата сезона не ми одеше, па донесов заклучок дека морам да променам нешто“, објасни Лукаку.