Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку се покажа како големо засилување и вистински погодок за Интер.
26-годишниот напаѓач пристигна во Интер ова лето од Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра и веднаш почна да ги тресе противничките мрежи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Лукаку синоќа против Торино го постигна 10-от гол во Серија А во првите 13 кола и така стана најефикасниот нов играч на Интер во последните 70 години.
Повеќе голови од него во првите 13 кола има постигнато само Унгарецот Иштван Ниерш во сезоната 1948/49 година. Тогаш Иштвар стана најдобар стрелец во Серија А со 26 гола, а вкупно за Интер има постигнато 133 гола на 182 меча.
Тренерот Конте јавно го пофали Лукаку после синоќешниот меч и изјави дека тој и Лаутаро Мартинез се тандем со кој Интер не треба да се грижи во наредните 7-8 години.