После одличниот старт во Серија А, Интер одигра лош натпревар во Лигата на шампиони и се спаси од пораз од Славија Прага во последната минута.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После лошиот резултат веднаш се појавија проблеми во соблекувалната на „нероаѕурите“.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, за малку е избегната физичка пресметка во соблекувалната веднаш по натпреварот, а главни актери биле Брозовиќ и Лукаку.
Белгиецот бил гласен во соблекувалната и ги обвинил соиграчите дека не се залагале доволно на теренот и не покажале храброст,а Брозовиќ не бил воодушевен од критиките.
Двајцата започнале жестока расправија, а соиграчите за малку спречиле физичка пресметка, пренесува „Газета дело Спорт“.
Во сабота Интер го игра големото градско дерби против Милан во Серија А.