Напаѓачот на Манчестер Јунајтед во овој момент веројатно е во најдобрите фудбалски години, меѓутоа во дресот на државниот тим не се гледа себеси уште долго.
Ромелу Лукаку во последната изјава за медиумите најави повлекување после Европското првенство во 2020 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мислам дека после Европското првенство во 2020 ќе престанам да играм за репрезентацијата на Белгија, изјави Лукаку и сигурно изненади голем број фудбалски фанови во оваа земја.
Сепак, иако веќе размислува за репрезентативна пензија својот статус засега не сака никому да го препушти.
„Се уште не сум го достигнал врвот. Младите играчи во репрезентацијата се борат за да ми го земат моето место, ги гледам како конкуренти, но нема да им се предадам. Можеби ќе го добијат за две години“, додаде 25 годишниот Лукаку.
Лукаку на последното Светско првенство во Русија постигна четири погодоци, а за националниот тим дебитираше во 2010 година.