Дома Фудбал Италија Лукаку игра како препороден: Споредбата со минатата сезона е најдобар доказ за тоа!

Лукаку игра како препороден: Споредбата со минатата сезона е најдобар доказ за тоа!

Белгискиот фудбалер Ромело Лукаку оваа сезона игра како препороден во дресот на Интер.

Лукаку пред две години играше за Манчестер Јунајтед, но во клубот од „Олд Трафорд“ баш и не ги оправда очекувањата. После две години одлучи да се пресели во Серија А и да го облече дресот на Интер што беше полн погодок. Најдобар доказ за тоа е фактот што во досегашниот дел од сезоната веќе постигна еднаков број на голови како и во текот на целата мината сезона во Манчестер.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Со вчерашните два гола против Џенова, Лукаку на своето конто има 12 голови во Серија А, а минатата година во Премиер лигата му беше потребна цела сезона да стигне до таа бројка.

Инаку, од 12. гола Лукаку шест постигна со лева, четири со десна и два со глава. Тој во овој момент е втор на листата на стрелци во италијанскиот шампион и има пет голови помалку од првопласираниот Чиро Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ е минато: Познато кој ќе го наследи неговиот број 10 во Реал Мадрид

Тој беше таму повеќе од деценија. Освои сè што можеше да се освои со Реал Мадрид и беше чо…