Ромелу Лукаку денес и официјално беше промовиран во нов играч на Челзи.
Белгиецот после неколку години се врати на „Стенфорд Бриџ“ за 115 милиони евра и истакна дека целта е со „сините“ да доминира во Англија и Европа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене ова е почеток на нова битка, но сите ние се бориме за иста цел, Челзи да победува. Ќе се погрижам за време на тренинзите да давам 100% за да бидам подготвен за натпреварите. Челзи сака да продолжува да победува, да расте како клуб и да доминира во Англија и Европа“, изјави Лукаку.
„Последните две сезони во Италија ми помогнаа да ги подобрам сите детали од играта како централен напаѓач и јас сум подготвен. Ми се допаѓа системот на игра, но исто така можам да бидам флексибилен кога е потребно. Треба максимално да ги искористам моите квалитети за да му помогнам на тимот“, додаде Ромелу.