Дома Фудбал Италија Лукаку го доближи Интер до титулата

Лукаку го доближи Интер до титулата

Интер во 29. коло од италијанската Серија А на гостувањето ја совлада Болоња со 1:0 и направи голем чекор кон освојувањето на титулата.

Составот на Антонио Конте оваа сезона изгледа одлично, вредно собира бодови и ги користи сите киксови на ривалите.

Вечерашниот натпревар беше одлучен во 32. минута. Бастони одлично му асистираше на Лукаку, а Белгијанецот со својот 20. погодок оваа сезона забива за 0:1.

Овој резултат вечерва беше и конечен. Иако и на двете страни имаше шанси резултатот да се промени, тие не беа искористени и на крајот Нероаѕурите стигнаа до големи три бода.

Интер сега има 68 бода, односно осум повеќе од Милан и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…