Поранешниот португалски репрезентативец, Луис Нани иако има 36 години се уште не размислува да каже „збогум“ на фудбалот.
Зад себе Нани има сезона во Австралија во која немаше премногу успех, а сега како што стојат работите ќе се врати во Европа. Нани ја прифатил понудата од турскиот прволигаш Аданаспор.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Aко трансферот се реализира, а според турските медиуми скоро е договорен, Нани ќе стане соиграч со македонскиот дефанзивец Јован Манев. Адана минатиот месец на тренерската позиција го доведе Патрик Клајверт и токму тој најмногу инсистирал на доведување на Нани.
За Нани ова е враќање во турскиот шампионат каде што од 2015-та до 2016-та беше дел од Фенербахче.