Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Луис Енрике „удри“ по Морено: Не ми требаат луѓе како него

Луис Енрике „удри“ по Морено: Не ми требаат луѓе како него

Фудбалскиот сојуз на Шпанија пред неколку дена ја изненади јавноста со одлуката да го отпушти Роберто Морено и на селекторското место да го врати Луис Енрике.

Морено пред неколку месеци ја презема Шпанија од Енрике кој си замина поради приватни проблеми. Откако Шпанците се пласираа на ЕП изненадувачки сојузот го врати Енрике, а Морено доби отказ и не остана во неговиот стручен штаб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес Енрике на својата прва пресконференција „распали“ по својот поранешен соработник и изјави дека не му требаат луѓе како него.

„Одлуката тој да не биде во мојот тим е само моја. Едноставно не беше лојален, ми кажа дека ќе биде селектор до ЕП, а потоа ќе се врати како мој помошник. Не ми се потребни луѓе како него во мојот стручен штаб. Не е добро да си премногу амбициозен“, изјави Луис Енрике.

Наместо Морено како прв помошник беше ангажиран Хесус Касас, кој ќе му помага на Енрике на ЕУРО 2020.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…